Свет
6. October 2016 - 11:39

Ирак побара вонредна седница на СБ на ОН поради присуството на турски војници на негова територија

Ирак побара свикување вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради недозволеното присуство на турски војници во северниот дел на земјата. 

Турски војници обучуваат локални борци за операции против Исламска држава во регионот на градот Мосул и нивното присуство предизвика заострување на тензиите меѓу двете соседни земји.

Ирачката државна телевизија јави денеска дека Министерството за надворешни работи побарало од Советот за безбедност „да ја преземе одговорноста и да ја зајакне меѓународната поддршка“ пред подготвуваната ирачка воена операција за ослободување на Мосул од ИД.