Свет
11. December 2015 - 8:22

Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул

Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул во знак на протест против присуството на турски војници во северната ирачка провинција Ниневија, јави ТАСС.

- Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул. Сите вработени ја напуштија Турција и се вратија во Багдад, објави иранската телевизија.

На 4 декември Турција распореди околу 130 војници со тенкови и артилерија во камп на курдските борци пешмерги во Северен Ирак. Ирак бара Турција неодложно да ја отстрани војската од негова територија и соопшти дека Турција ја распоредила војската без знаење и согласност на Багдад, кој ги смета тие дејствија за непријателски акт.