Ирачкото правосудство му забрани на претседателот на парламентот да ја напушти државата
Ирачкото правосудство донесе одлука за забрана за напуштање на државата за претседателот на ирачкиот парламент, поради обвиненијата за корупција, неодамна покренати против него, пренесува БТА.
Министерот за одбрана Халед ал Обеиди, кој претходно во парламентот беше испрашуван по обвиненијата за примање поткуп, во понеделникот го обвини претседателот на парламентот Салим ад Џубури, но и други лица, дека се обиделе да го уценат и да изнудат негов потпис на незаконски договори за оружје. Веднаш потоа премиерот Хајдер ал Абади побара од Агенцијата за борба против корупција да ги истражи тврдењата на Обеиди и наложи забрана за напуштање на земјата за засегнатите лица.
- Ирачкото правосудство наложи забрана за Џубури, двајца други пратеници и за уште четири лица. Судска комисија ќе ги истражи обвиненијата, покренати од министерот за одбрана, соопшти портпаролот на Правосудството.
Ново на Сител
-
Ангелов: Жал ми е за настаните од 27 април, јас не сум терорист
-
МЗ: Тринаесет заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба
-
Сопственикот на „Дурмо турс“ лани добил забрана да врши технички преглед на возила
-
Арсовски: Два нови случаи на непотизам во Неготино
-
Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите за непотизам
-
Адеми-Стојберг: Данска наскоро ќе го потпише протоколот за НАТО, со постојана поддршка и за интеграцијата во ЕУ
-
Шокантна исповед на човек кој го киднапирале како бебе и го вратиле на родителите: 55 години подоцна ја открил шокантната вистина
-
Само неколку часа по смртта на Хитлер таа влезе во неговиот стан во Минхен: Се бањање во кадата на фирерот, а што правеше таму 3 дена уште се прераскажува