Свет
23. October 2016 - 14:09

Ирачкиот парламент усвои закон со кој се забранува увоз, производство или продажба на алкохолни пијалоци

Ирачкиот парламент усвои закон со кој се забранува увоз, производство или продажба на алкохолни пијалоци, пренесува БТА.

Законот предвидува казни од 25 милиони ирачки динари (21.000 долари) за секој прекршител.

Исламот забранува употреба на алкохол, но тој секогаш може да се најде во големите ирачки градови, главно во продавници на христијани. Овие продавници сега се затворени поради шиитскиот свет месец Мухарам.

Законот за забрана на алкохолот беше предложен од Махмуд ал Хасан, судија и пратеник од коалицијата Сојуз за правна држава, која е најголема во парламентот.