Ирачкиот министер за внатрешни работи поднесе оставка по нападот во Багдад
Ирачкиот министер за внатрешни работи Мохамед ал Габан ја поднесе својата оставка до премиерот Хајдер ал Абади, два дена по нападот во Багдад, во кој загинаа 200 лица, а за кој одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава.
- Поднесов оставка до премиерот, истакна Габан на прес-конференција.
Во неделата најмалку 213 луѓе беа убиени, а над 200 повредени при експлозија на автомобил-бомба во трговски кварт во ирачкиот главен град. Тоа е најжестокиот самоубиствен напад во земјата во последните десетици години.
Габан истакна дека возилото пристагнало од провинцијата Диала, северно од Багдад, што значи дека успеало да премине без проблем преку контролниот премин. Повеќето Ирачани вчера гневно реагираа на слабоста на властите да го осуетат таквиот напад.
Соопштението за оставката на Габан веројатно исто така има за цел да ја загрижи јавноста.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење