Свет
30. May 2016 - 9:42

Ирачката армија со офанзива врз ИД во Фалуџа

Ирачки елитни единици утрово навлегоа во градот Фалуџа кој се смета за бастион на Исламска држава. Фалуџа е на околу 50 км. западно од Багдад.

– Рано утрово презедовме офанзива врз Фалуџа, изјави за ирачки медиуми портпарол на елитните сили за борба со тероризам.

- Ирачките сили навлегуваат од три насоки. Борци на ИД даваат отпор, додал портпаролот на елитните сили.

Оружените сили на Ирак поддржани од ирански шиитски милиции почнаа операција за заземање на Фалуџа на 23 мај, но денеска е почната втората фаза со навлегување во градот.

Според западни медиуми, во градот има околу 50 илјади цивили. Во јануари 2014 година Фалуџа беше првиот ирачки град кој падна под контрола на ИД.