Loading Video...
Спорт плус
16. July 2020 - 16:48

ИОК со дополнителни 150 милиони долари ќе ги помогне Националните олимписки комитети и Меѓународните федерации

Интернационалниот Олимписки Комитет  (ИОК) со 150 милиони долари ќе ги помогне националните олимписки комитети и меѓународните спортски федерации
 
Последиците кои Корона вирусот ги направи и во светот на спортот најсликовито се рефлектираа со одложувањето летните Олимписки игри во Токио, но и голем број на други спортски настани. 
 
Така на Извршниот Борд на ИОК на состанокот во Лозана реши, да ја зголеми финансиската поддршка на спортските организации, по најразлични форми од нивните програми, но пред се од фондот на солидарност,  па ИОК  ќе издвои дополнителни 150 милиони долари за поддршка на Националните олимписки комитети и Меѓународните спортски федерации . 
 
Претседателот на ИОК, Томас Бах, изјави дека Олимпиското движење се соочува со невиден предизвик истакнувајќи - „ИОК треба да организира одложени Олимписки игри за прв пат досега и затоа треба да им помогне на сите засегнати страни, нашите партнери, за да ја надминат оваа глобална криза“. 
 
Олимписките игри во Токио се одложени за следното лето, но и натаму се под знак  прашалник како би се организирале, доколку ситуацијата во Ковид-19 не биде ставена под контрола. 
 
Едно од сценаријата е игрите да се одржат без присуство на публиката, што веројатно е најлошата варијанта. 
 
„Олимписки игри зад затворени врати се очигледно нешто што никој не го посакува. Ние работиме на решение кое од една страна го штити здравјето на сите, а од друга страна го одржува олимпискиот дух”, изјави Бах.
 
ИОК веќе одвои 63 милиони долари за Меѓународните спортски федерации, како и 37 милиони долари за Националните Олимписки комитети, а дополнителните 150 милиони долари траба да ги распредели до крајот на годината.