-->
-->
ИОК ќе ги помогне македонските скијачи
-->
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), договориле нова финансиска помош за најдобрите македонски алпски скијачи, во износ од почетни 36.000 американски долари.
Овие финансиски средства ќе бидат наменски искористени за подобрување на заедничките олимписки планови и програми на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) во насока на унапредување на резултатите на нашите најдобри алпски скијачи во предстојната натпреварувачка сезона.
Финансиската посебно ќе помогне во реализација на амбициозната програма “ЗОИ Пјонгчанг 2018“ на СФМ односно на селекторот Иван Лесевски и олимпискиот стипендист, Антонио Ристевски кој на ЗОИ во Сочи го освои 29-то место во слалом, што воедно е најдобар резултат во досегашните настапи на македонските спортисти на ЗОИ и воопшто во историјата на македонските зимски спортови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење