Македонија
20. March 2016 - 21:55

Инвестирани над 90 милиони денари за поддршка на младите земјоделци

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Билјана Вуковиќ, како дел од отчетот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за мерката со која се поддржуваат младите земјоделци да започнат свој бизнис.
 
-Се работи за мерка со која се поддржуваат младите земјоделци кои започнуваат да се бават со земјоделска дејност со финансиска поддршка во висина од 600.000 денари. Огромен интерес има од страна на младите земјоделци за добивање на овој вид на поддршка. Оваа мерка ја спроведуваме од 2012 година. Досега заклучно со 2015 година имаме склучено 168 договори во вкупна вредност од 90.450.000 денари. Околу 150 договори се веќе реализирани и исплатени, останатите се во фаза на реализација. Тоа што е интересно е да се каже дека и во 2016 година имаме огромен интерес за оваа мерка. 1800 апликации на млади земјоделци за добивање на средства за започнување со бавење со земјоделска дејност. Исто така, имаме алоцирано процент од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и оваа година за да ги поддржиме младите земјоделци, истакна Вуковиќ.