Бизнис
5. November 2016 - 17:16

Инвестицијата на ‘‘ЛЕАР‘‘ ќе го зголеми бројот на вработени во Тетово

Инвестицијата на ЛЕАР  ќе влијае за  дополнително  намалување на невработеноста во земјава и полошкио трегион. Во овој крај во изминативе години расте бројот на вработувања. Ако во 2005 година во Тетово без работа биле 27. 300 лица денеска таа бројка падна на 18. 400 или за 9000 лица помалку. Пред десет години  бројот на вработени лица бил 19 илјади. Сега на работа одат 27.800, или за ова време 9.000 лица успеале да се вработат. Во новата инвестиција од 15 милиони евра  која се протега на површина од 12 илјади квадратни метри  каде ќе се произведуваат кожа и платно за навлаки за автомобилски седишта првично се вработени 520 лица. До крајот на годинава ќе бидат уште 300. За брзо време бројката на новоотворени работни места во фабриката ќе достигне над 2.000.  Овие вработувања значително ќе влијаат на стапката на невработеност во градот . Леар е важна  и за домашната економија. За инвеститорите Македонија е правилен избор за проширување на нивниот бизнис.

Америсканки Леар е светски бренд , има свои погони во 36 земји, вработува околу 140 илјади лица.