Македонија
13. December 2018 - 16:26

Инвестициите на државата во децата не го следат растот на економијата

 

Недостиг на градинки, висока смртност на новороденчиња, сиромаштија кај деца. Државата не доволно инвестирала во децата, покажува анализата на Институтот за економски истражувања и политики во соработка со УНИЦЕФ. Заклучокот е дека инвестициите во децата не го следеле растот на економијата.

-Исто така, идентификувавме дека инвестициите во инфраструктурни проекти се маргинализирани. Во образованието во 2017 година учеството на инвестиции во инфраструктурата биле само 3,8 отсто од издвоените средства, а дополнително постои и подреализација на овие средства. Клучниот заклучок е дека зголемени инвестиции во децата покажуваат позитивни резултати, главно кон посетување градинка, изјави Благица Петрески од Finance Think.

Од УНИЦЕФ сметаат дека не станува збор како се трошат парите туку колку паметно се прави тоа.

-Ни треба политика која ќе ги извади децата од сиромаштија и ќе им овозможи да процветаат во училиштата , за да станат возрасни лица кои ќе придонесуваат за земјата, изјави Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ.

Министрите за труд и социјала и здравство областите кои се опфатени во истражувањето тврдат дека инвестираат во подобар детски развој, изградба на градинки и во здравствена заштина на најмладите.

-Се работи на зголемување на капацитетите на градинките, со цел зголемување на опфатот на деца за подобар старт.изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Зголемениот број питачи на улица Царовска најави дека ќе го намали до крајот на 2019 со пакетот мерки меѓу трипати повеќе пари од државата за овие социјални семејства.

 

  •