Бизнис
17. January 2018 - 19:36

Инвестиции во инфраструктурата за поголема соработка меѓу Македонија и Албанија

Парите од еврообврзницата да се трошат за капитални проекти. Само така новото задолжување од половина милијарда евра ќе биде оправдано.Стопанстениците од Стопанската Комора на северозападна Македонија бараат подобрување на инфраструктурата, железничко поврзување со Албанија и изградба на автопат Скопје Тирана. На тој начин ќе има  поголема трговска размена меѓу двете земји.

Туризмот градежништвото и земјоделството се секторите со најголем потенцијал за развој на бизнис соработка помеѓу компаниите од двете земји. По денешниот форум во Скопје со Американската комора на Албанија, бизнисот ќе ги испорача барањата до Владата.

Неодамна државата се задолжи на маеѓународните пазари со 500 милиони евра. Од нив 200 милиони ќе се користат за враќање на стари долгови, а остатокот ќе оди за покривање на буџетскиот дефицит односно повисоки плати во образованието здравството и армијата.