Македонија
22. April 2018 - 17:35

Интезивни археолошки ископувања на лолатетот Топлчанска река и Бојковци

Интензивни археолошки ископувања на локалитетот  Тополничка река и Бојковци, место каде што ќе минува транспортната трака за пренос на руда од новиот рудник за бакар „Боров дол“. Се работи за извонредно богато наоѓалиште  на артефакти, кои датираат од неолитот, па се до 3 и 4 век од нашата ера.

- Овде пронајдовме рударска населба, која датира од бронзеното, поточно од преодот на брензоното во железното време, со многу карактеристични наоди кои досега во поширокио регион не се најдени- изјави Мите Николов, директор на завод музеј - Штип.

Пронајдените печки за топење на руда и садовата керамика, укажуваат дека во околината на денешните рудници „Бучим“ и „Дамјан“ населението кое егзистирало на овие простори со оваа дејност се занимавало од праисторијата до денес.

- Мене ми е многу мило што се потврдува дека, во овој регион има со илјада години нананзад рударска традиција-изјави Николајчо Николов, заменик менаџер во рудникот Бучим.

Средствата за археолошките ископувања се обезбедени од концесионерот на „Боров дол“, кој со градежни активности на трасата ќе може да започне од крајот на месец мај, до кога е предвидено да траат истражувањата.