Бизнис
6. April 2019 - 16:23

Интервју: ВИП станува А1, задоволни се од работата во земјава

ВИП станува А1. Телкомуникациската компанија до крајот на оваа година ќе се ребреднира и ќе стане дел од големото А1 семејство. Австриската групација А1 работи на 6 пазари, има 25 милиони корисници и 19.000 вработени. Томас Арнолднер, Главен извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата во интервју за Сител вели дека се задоволни од работата во земјава и дека ќе продолжат да нудат иновативни решенија кои ќе одговараат на сите комуникациски потреби на корисниците, притоа зацврстувајќи ја дигитализацијата на земјата.