Свет
29. May 2016 - 15:36

Интерпол издаде „црвена потерница“ поради убиството на Немцов

Интерпол издаде „црвена потерница“ за Руслан Махудинов, кој е осомничен за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов.

Во потерницата се бара апсење на Махудинов и негова екстрадиција во Русија.

Немцов кој беше поранешен вицепремиер за време на претседателскиот мандат на Борис Јелцин и копретседател на партијата Републиканска партија на Русија - ПАРНАС, убиен е во центарот на Москва на 27 февруари 2015 година.

За убиството на Немцов обвинети се пет лица, меѓу кои и осомничениот за извршување на нападот Заур Дадајев.

Махудинов подоцна е обвинет во отсуство за организирање на убиството на рускиот опозиционер.