Македонија
12. September 2017 - 16:52

Интерпелацијата за министрите Царовска и Николовски пред пратениците во Собранието

Во секој момент се очекува Собранието на Република Македонија да ја продолжи 13. седница на која на дневен ред се интерпелациите за работата на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците од опозицијата. 

Синоќа, Парламентот ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешна политика Никола Димитров, која исто така ја побараа пратениците од опозицијата.