Интерпелацијата на Димитров најрано во среда
Интерпелацијата за европски прашања вицепремиерот Никола Димитров пред пратениците ќе се најде најрано среда, потврди Собранискиот претседател Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. Наредната недела народните избраници ќе ја доворшуваат 30. Собраниска седница, нова пленарна седница Џафери планира дури на 16 јануари. Собранискот спикер тврди дека парламентот нема проблем со мнозинство и дека работи со обичаено тепмо.
-Собранието нема проблем со мнозинството, не мора да се присутни сите пратеници на расправата со точките, деловникот дозволува да се оди точка по точка со расправа, а на крај да се оди на гласање кога ќе се обезбеди посредниот број пратеници, вели Талат Џафери.
Тој и понатаму стои на предологот за измени на деловникот со кој ќе се овозможи пратеник во изолација онлајн да учествува и гласа на Собраниските седници, но стојат и три илјади амандмани на опозицијата. Џафери информираше дека утре во Собранието ќе се одржи и средба помеѓу него премиерот Зоран Заев, директорот на државниот завод за статистика Симоновски и градоначaлниците на општините во врска со престојниот попис на населението.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација