Македонија
9. August 2017 - 17:40

Интерпелација зарботи и Никола Димитров

ВМРО-ДПМНЕ со барање Собранието да изгласа недоверба за работењето на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Како прва причина го наведуваат брзото потпишување на штетниот договор за добрососедство со Бугарија, процес од кој беше исклучена опозицијата.

- Избегувањето за него да се дискутира, лажењето дека се работи за нацрт текст кој што може да се подобри каде што би била вклучена и опозицијата, а потпишување на финален текст кој што не бил воопшто предмет ни на преговарање туку бил само прифаќањена бугарските позиции за што честитаме на бугарската Влада што се изборила за своите интереси, но не и на министерот за надворешни работи на Македонија кој што не ги застапувал македонските национални интереси и потпишал одредби кои што ќе бидат со спроведувањето за Република Македонија, изјави Милошоски.

Стартегијата за мигранти и бегалци како и неименувањето на Александар Николовски за амбасадор на Македонија во Европската унија во Брисел, според опозиција се  причини плус, Собранието да распарава за интерпелација на министерот Димитров.

- Иако господинот Александар Николовски ги помина сите законски, уставни процедурални фази за негово именување и назначување за амбасадор, вклучително и добиени 28 агремани од 28 земји членки на Европската Унија, од Министерството за надворешни работи добивме само еден заклучок дека постапката се прекинува без да се биде повикано на ниеден член од Законот за надворешни работи или на ниту еден член од Уставот што е прекршено за оваа постапка да не биде испочитувана, рече Милошоски.

Во една недела ова е трето барање за интерпелација од страна на Колацијата за подобра Македонија. Стратегијата за мигранти и бегалци и акцискиот план на Владата беа причина за барањето да се изгласа недоверба за работењето на министерката за труд и социјала Мила Царовска. Интерпелација беше поднесена и за министерот за земјоделие Љупчо Николоски за кого опозицијата оцени дека нема капацитет да се справи со пожарите кои повеќе од еден месец се активни на целата територија на Македонија.