Македонија
21. December 2015 - 17:11

Интерпелација за Министерот за здравство Никола Тодоров

Министерот за здравство  да понесе одговорност за несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем, со ресурсите, немањето стратегија за развој,  за ниските плати и изгубеното достоинство на „белите мантили“, за заминувањето на 700 лекари од државата, за смртта на Тамара и на родилката и нејзиното бебе во Гевгелија.. Ова е дел од говорот на пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска, зошто бараат интерпелација на Никола Тодоров. Го обвинија  дека води погрешна политика  поради која пациенти чекаат со месеци за зрачна терапија а операции се откажуваат поради недостаток на материјали.

-Требаше да си заминете и поради   најнебулозниот проект во здравството МОЈ ТЕРМИН. Со него го претворивте здравството во производствена хала каде се бара само број ,ама не квалитет. Никого не  консултиравте за должината на термините: ниту ЛКМ, ниту МЛД, не направивте  ниту јавна расправа. Стигнавте до 15 минутии за термин и кај очен лекар и кај интернист, и кај хирург, изјави Јагода Шахпанска, пратеник од СДСМ

За Тодоров говорот на Шахпанска го потсетува на едно минато време кога имаше долги листи на чекање и огромни долгови во здравствените установи. Во минутите што ги доби, министерот за здравство ги информираше пратениците дека сега за зрачна терапија се чека само 3 дена а по 40 години чекање и бројни ветувања Македонија доби и државна кардиохирургија во која се направени 130 операции досега. На списокот на успешни реализирани проекти Тодоров ги наброја и бесплатниот мамографски скрининг,  едукациите во странство, над 150 милиони евра инвестиции за опрема и реконструкција на ЈЗУ.

-нема да дозволам да паднам на овие евтини политички трикови коишто како ваша политичка матрица постојано ја спроведувате.  ќе зборувам за проекти. Нови мамографи и нови апарати за комјутеркса томографија во многу установи. Ако оставевевме да биде во ваше време, сега за комјутер ќе се чекаше 9,5 години.

Имаме враќање на 200 специјалисти од приватното во јавното здравство, а  порано процесот беше обратен, изјави Никола Тодоров министер за здравство.

Министерот за здравство изјави дека за три години имало осум пати намалување на цените на лековите што како системска мерка е воведено во 2012 година. Досегашната заштеда е над 33 милиони евра.