Бизнис
18. October 2015 - 17:09

Интерес кај земјоделците за најавениот гарантен фонд

Најавениот гарантен фонд предизвика голем интерес кај македонските земјоделци. Фондот кој е креиран специјално за земоделците  започнува да оперира во текот на овој месец и во следните десет години ќе овозможи  многу полесно да се дојде  до кредити од комерцијалните банки. Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството  велат дека уште со самата најава на фондот истиот предизвикал огромен интерес кај земјоделците. На сите трибини и секојдневни средби кои се реализираат на терен најголемиот дел од прашањата биле поврзани токму со оваа тема.

,, Ако до пред некое време велевме дека немаме доволно средства да аплицираме иако имаме решение за набавка на механизација,  поради слухот на владата што го имаме во државата го обезбедивме гарантниот фонд со кој земјоделците ќе можат да ја набават механизацијата, односно да повлечат толку пари од гарантниот фонд колку што им е потребно. Значи ако решението за набавка на механизација или на добиток или на саден материјал изнесува 10.000 евра толку можат и да повлечат, неможат повеќе, но можат помалку. Со тие  10.000  евра што ги подигаат преку четири банки во државата повлекуваат толку пари колку што им е потребно, хипотека ја оставаат механизацијата што ја набавуваат и со камата од 2 до 4% можат да работат на договор од пет години.,, вели Игор Златков – дирктор на АПРЗ

Гарантниот фонд е резултат на потпишаниот договор за соработка помеѓу министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и УСАИД. Благодарение на фондот преку кој ќе се пласираат кредити во висина од 20 милиони американски долари на земјоделците ќе им требаат и помали гаранции за 50 % во однос на досегашните.