Македонија
27. May 2016 - 16:30

Интерактивните табли ги заменуваат зелените табли и креди

Набрзо во основните и средни училишта целосно ќе бидат заменети старите со нови смарт табли.  МОН набави уште 20 интерактивни технологии со  кои учениците ќе добијат нов и современ пристап во изведувањето на наставата. Наместо класичните креди и сунѓери се внесува уред кој личи на табла но е  поврзан со компјутер, и на тој начин полесно и побрзо ќе учат и ќе ги користат сите содржини од материјата која им е потребна. Таблите се распределени во 20 училишта, а до сега се набавени вкупно 100.

Интерактивната Табла ја поттикнува иновативноста, нуди поддршка во обуки и тренинзи, создавање нови вештини. Со нив се подобрува интерактивноста и вниманието кај учениците. Содржи испечатено мени со икони за брз пристап до алатките и електронски пенкала.

Паметните табли се дел од проектот на МОН кој го почна пред 2 години за опремување и модернизација на условите во училиштата  и развивање на  ИКТ вештините на учениците.