Loading Video...
Фудбал
29. јуни 2020 - 15:56

Интер со пресврт во финишот до победа над Парма

Тимот на Интер со пресврт во завршните пет минути на гостувањето кај Парма забележа значајна победа со која се зацврсти на третото место на табелата во Серија А. 
 
Иако гостите од Милано губеа со 1:0 уште од 15-татаа минута, сепак во самата завршница преку Холанѓанецот, Де Вриј и Бастони со головите во 82-та и 87-минута стигаа до победа од 2:1. 
 
Интер е трета на табелата со четири бодови помалку од Лацио, а исто толку повеќе од четврто пласираната Аталанта.