Фудбал
18. February 2016 - 14:22

Интер нема пари за Љајиќ и Јоветиќ?!

Раководството на Интер, по завршувањето на сезоната, нема да ги откупи договорите на Адем Љајиќ и Стеван Јоветиќ, тврди Tutosport. Истиот извор наведува дека Интер нема да го откупи ниту договорот на Бразилецот Алекс Телез.
 
Tutosport наведува дека за откуп на тројцата играчи Интер ќе треба да издвои сума од 25 милиони евра, што е голема сума на пари особено ако Интер не избори пласман во Лигата на шампионите.
 
Случајот на Љајиќ е најлесен за Интер, бидејќи Интер со Рома не потпишал никакви клаузули, така што српскиот репрезентативец ќе се врати на „Олимпико“, бидејќи има договор со Рома кој истекува во 2017 година.
 
Кога станува збор за Јоветиќ, кој е играч на Манчестер Сити, во неговиот договор за позајмица постојат бонуси кои го активираат правото на откуп за 14,5 милиони евра. Доколку Интер успеа да ја спушти цената за Јовентиќ можно е Црногорецот да остане на „Џузепе Меаца“.
 
Слична е и ситуацијата со Алекс Телес, кој е играч на Галтасарај, но неговата откупна клаузула изнесува 8,5 милиони евра. Интер би го откупил договорот на бразилскиот бек, но само доколку Галатасарај двојно ја намали сумата за откуп на неговиот договор.