Фудбал
26. May 2017 - 12:20

Интер не жали пари за Пепе, Родригез и Ди Марија

Интер очигледно е решен да се врати на златните времиња кога ја освои последната титула во ЛШ со Жозе Мурињо. Затоа нема да се жалат пари и ќе бидат ангажирани три големи фудбалски имиња , пренесуваат италијанските медиуми.  Се чека доаѓањето на новиот тренер, најверојатно Лучано Спалети и ќе се тргне во поход по Пепе, Хамез Родригез и Ди Марија, првите двајца од Реал а последниот од ПСЖ. Миланскиот гигант се обидува парите да ги обезбеди од продажбата на Брозовиќ, Банега и Перишиќ.