Бизнис
27. July 2016 - 20:20

Интензивно се уредува индустриската зона Прилеп 1

Со донацијата од 130 илјади евра, добиени како грант од Светската Банка, како и со средства од ЛС, интензивно инфраструктурно се уредува, втората поголема ТИРЗ во Прилеп, после “Алинци” - ТИРЗ “Прилеп 1”. Досега, во оваа зона, по пат на електронска аукција продадени се 21 парцела, со тенденција нивниот број постојано да се зголемува. Според веке договореното, првично, овде ќе бидат изградени 12 објекти, како и Бензиска пумпа, а тоа ке овозможи 2000 нови вработувања, посочуваат од прилепската ЛС.
 
Во моментов се работи на главната улица во Зоната, со должина од 377 метри, со коловоз од 6 метри и со двострани тротоари.