Македонија
23. March 2016 - 21:32

Интензивно се работи на изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид

Интензивно се работи на изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид.Моментално се изведуваат земјените работи и подготовката за темелната конструкција. На површина од 15 000 метри квадратни се копа за да се постават основите за базенот, со предвидени трибини од 500 седишта, со димензии од 33 на 22 метри. Станува збор за капитален објект каков што досега се нема изградено во последниве 35 години. Со ова по долги години чекање охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор.

Вредноста на инвестицијата е околу 5 милиони евра, а како инвеститор се јавува Агенцијата за млади и спорт. Со овој проект, повторно ќе заживеат спортовите на вода по кои Охрид беше препознатлив, значително ќе се инвестира во пливањето и ватерполото кое се долга традиција во нашиот најголем туристички центар.