Македонија
11. July 2017 - 15:30

Интензивно се гради плоштад во Демир Капија

Интензивно се гради плоштад во централното подрачје на Демир Капија, на површина од 5.660 квадратни метри, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката локална самоуправа. 

- Веќе се поставени подземната електрична инсталација и атмосферската канализација, а во моментов се работи на тампонирање на просторот пред да се изврши поплочувањето, соопштија од општинската Служба за информирање.

Оттаму додаваат дека со овој проект е предвидено да се изврши поплочување, да се постават канделабри со лед светилки за осветлување, изградба на фонтана, засадување на садници и поставување на клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема, што ќе биде во склоп на плоштадот.