Македонија
25. September 2020 - 21:29

Интегритетот на полицијата дел од препораките на Греко

Постапувањето на полицијата, објавување на имињата на советниците на премиерот, министрите и нивните плати, се дел од вкупно 23-те препораки на ГРЕКО кои треба да ги импелементира земјава до крајот на годинава. Тие се дел од петтиот круг со кој треба да се оцени моралот кај државните функционери и ефикасноста во борбата против корупцијата.

„Единствено се плашам дека ќе имаме проблеми онаму каде ГРЕКО бара законски измени а ГРЕКО бара измена на законот за внатрешни работи и законот за полиција и тоа не е едноставна работа. Потребна е политичка воља за тоа да се смени и од владеачкото мнозинство но и од опозицијата“, вели Ана Павлоска Данева, Претставник на ГРЕКО.

ГРЕКО како тело дел од Советот на Европа за мониторинг на антикорупциските стандарди вчера го затвори четвриот круг за Македонија со задоволителна оцена. Најдообар напредок државата постигнала со Законот за спречување корупција. Забележала отсуство на целовитост во работата на антикорупциската комисија.

Нефункционалниот закон за лобирање и Учеството на министерот за правда во работата на судскиот совет кое постои само во уставот се двете препораки кои земјава не успеа да ги спроведе.