Институтот за трансфузија има доволни количини крв
Институтот за трансфузиона медицина располага со доволни количини крв и крвни компоненти за задоволување на потребите на јавното и приватното здравство, информира директорката Емилија Велкова.
- Информациите што се проширија на социјалните мрежи се тотална невистина. Ние пред два дена на крводарителската акција по повод роденденот на Тоше Проески зедовме 517 единици крв за што сме многу благодарни, изјави Велкова.
Таа апелираше до граѓаните да не даваат лажни апели се додека не се консултираат во Институтот.
- Имаме многу крв и навистина е ова непотребна збрка на социјалните мрежи. Проблем е, ни ги собира сега крводарителите со нулта негативни и по два месеци нема да имаме ниеден, а сега не ни треба. Детето за кое станува збор лежи 10 дена и ние сме тотално организирани околу тоа дете и се е договорено меѓу установите, изјави Велкова.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари