Македонија
27. January 2017 - 13:14

Институт за трансфузиона медицина: Има доволно количини крв од сите крвни групи

Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија соопшти дека располага со доволни количини крв од сите крвни групи.

Од Институтот апелираат до сите граѓани да се обратат кај нив доколку имаат каква било потреба од крв и крвни компоненти и да не се шират дезинформации во врска со недостиг на крв од која било крвна група.