Институт „Крсте Мисирков“: Прашањето за македонскиот јазик е апсолвирано, негирањето е свесна провокација
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо.
Во реакцијата Институтот наведува дека постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и, нагласува дека „секој став што го негира овој непобитен факт го смета за свесна провокација“.
-Ваквите изјави одат во прилог на евтина дневно-политичка пропаганда и затоа е несфатливо што доаѓаат од една висока академска фела на држава членка на Европската Унија. Меѓу другото, на овој начин, тие ги негираат долгогодишните билатерални проекти меѓу македонските и бугарските лингвисти и други научници. Земајќи предвид дека на нашите конференции со македонистички теми доаѓаат ценети професори од целиот свет, а нашите научници се масовно прифатени од светската научна јавност со своите истражувања посветени на македонскиот јазик, литература и култура, не се чувствуваме загрозено ниту како Македонци, ниту како македонисти, пишува во реакцијата на Институтот за македонски јазик.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар