Бизнис
22. February 2018 - 16:34

Институциите кои немаат систематизација нема да земат плата

За три месеци ќе се знае точната бројка на државната адмнинистрација. Раководителите на над 1,300 јавни институции до тогаш имаат рок да ги внесат сите  вработени  во Регистарот и да направат  систематизација.  Во спротивно , нема да можат да им исплатат плата на административците

Како и во сите приватни фирми, ако пресметките за исплата на плата, не се точни, системот ги отфрла. Истото ќе важи и за администрацијата. Ако не се достави пресметка за плата, раководителот нема да може да ја исплати, изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП

Бројките  покажуаваат дека од 1.303 јавни институции, 259 немаат внесено никакви податоци, а 173 немаат систематизација на вработените. Затоа, според ресорниот  министер Манчевски,  состојбата мора да  се промени. Треба точно  да се знае  каква е старосната граница во администарацијата,  колку лица се пред заминување во пензија, колку нови работни места  ќе се отворат ,каде има поклопување на надлежностите и функциите.

Ќе се бара реакција од Државниот инспекторат.  Ќе имаат задача да ги казнуваат раководните лица на институциите кои нема да ги внесат сите вработени во Регистарот и потоа на сајтот на министеросвото за информатичко општество и администрација ќе бидат објавени сите институиции кои ги немаат објавено и пополнето, изјави Дамјан Манчевски, министер на МИОА

Регистарот беше воспоставен пред две години. За него беа  платени над два милини евра, но , според Манчевски е нефункционалан, затоа што не бил дизајниран да ги даде потребните информации за бројот на вработени.

 Сега се очекува да се добие јасна слика за админситрацијата  и Регистарот да си ја исполни улогата за која е платен.