Интернет
17. February 2016 - 12:49

Инстаграм со нова промена која ги изненади сите корисници

 
Една од најпопуларните социјални мрежи Инстаграм, по примерот на Фејсбук кој воведува промени, воведе промена која ги изненади сите корисници.
 
Како што пренесува Порталот Mashable.com, наскоро нема да биде тајна колку пати е видена некоја снимка или фотографија. Ќе се бројат прегледите, за сите да имаат подобра претстава колку се популарни.
 
Прегледот ќе се смета дури и ако се работи само за три секунди, а не вообичаените 30 како што се смета на Јутјуб.