Инстаграм ќе блокира антиваксерски хаштагови
Инстаграм соопшти дека ќе блокира хаштагови кои се употребуваат за ширење на „потврдено неточни“ информации поврзани во вакцини.
Веќе се блокирани хаштаговите, кои сами по себе се неточни тврдења како #vaccinescauseautism (вакцините предизвикуваат аутизам). Компанијата соопшти дека сега ќе блокира уште хаштагови, кои таканаречените антиваксери ги употребуваат за ширење лаги. Сепак, неколку антиваксерски теми и профили, кои шират дезинформации и лаги, остануваат активни на Инстаграм.
Претставници на платформата за Би-Би-Си изјавија дека нема да преземат акции против луѓе и профили кои се самоопределуваат како антиваксери. Но, се стремат да ограничат ширење на лажни тврдења, затоа што тие имаат опасни последици во реалниот свет и во општеството.
Ново на Сител
-
КПД Куманово - Почнува првата фаза од пописот
-
Заев: Нема датум кога ќе пристигнат првите вакцини
-
Заменик министерот за здравство вели дека вакцините ќе пристигнат многу скоро
-
Растурена свадба во Струмица со 300 гости
-
Музичарите на протест, угостителите на средба со Битиќи
-
Расте бројот на заразени и во Гевгелија каде засега не е потврдена британската мутација
-
Заев: После изборите во Бугарија ќе се интензивираат разговорите меѓу двете земји
-
САД донира 1.269 автоматски пушки за македонската Армија