Инстаграм ќе блокира антиваксерски хаштагови
Инстаграм соопшти дека ќе блокира хаштагови кои се употребуваат за ширење на „потврдено неточни“ информации поврзани во вакцини.
Веќе се блокирани хаштаговите, кои сами по себе се неточни тврдења како #vaccinescauseautism (вакцините предизвикуваат аутизам). Компанијата соопшти дека сега ќе блокира уште хаштагови, кои таканаречените антиваксери ги употребуваат за ширење лаги. Сепак, неколку антиваксерски теми и профили, кои шират дезинформации и лаги, остануваат активни на Инстаграм.
Претставници на платформата за Би-Би-Си изјавија дека нема да преземат акции против луѓе и профили кои се самоопределуваат како антиваксери. Но, се стремат да ограничат ширење на лажни тврдења, затоа што тие имаат опасни последици во реалниот свет и во општеството.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против гостиварски угостител за непочитување на ковид-мерките
-
Мицкоски на средби со лидери од сестрински партии
-
Уапсен скопјанец на Бит Пазар - носел пиштол и нож
-
Пожар во соба во КПУ Затвор Скопје
-
Дачиќ: Дијалогот меѓу власта и опозицијата не се желби и поздрави, мора да имате политика
-
Поддршка за актерката Радуловиќ по апсењето на професорот по глума Алексиќ
-
Денеска регистрирани 190 нови случаи на Ковид-19
-
Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко