Живот
30. October 2015 - 13:21

Инспиративно: Жена без нозе стигна до мис и медали

Кања е усвоена на свои 5 години. До тогаш живеела во домот за сираци на Тајланд. Новото семејство ја одвело да живеат во Портланд, Орегон.

Таа денеска е модел, што му покажува на светот како е да се биде поинаков и дека тоа не ја прави помалку убава.

Покрај тоа што е модел, таа тренира за зимската Параолимпијада 2018 година.

-Јас сум поинаква и тоа е секси. Не ми требаат нозе за да се чувствувам прекрасно!, вели Кања.

Сакам да заработувам пари на свој начин. Сакам да им покажувам на луѓето што е убавина, иако сте поинакви. Овие фотографии ја покажуваат мојата сила, вели таа.