Македонија
12. September 2019 - 16:27

Инспекторот Ѓорѓи Илиевски, повторно изложен на мобинг, правда бара по амбасадите

Продолжуваат притисоците врз просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски кој го обелодени скандалот со незаконски стекнатите универзитетски титули на тројца функционери на ДУИ, а потоа доби уназадување на работа. Од тогаш мобинг му вршеле секој ден, се пожали Илиевски. За ова ја обвини власта.

За случајот се заинтересирала и германската амбасада, каде инспекторот имаше едночасовен состанок. Тој не се откажува, ќе пријавел и во американска.

Претходно Илиевски ги пријавил функционерите и во канцелариите на ЕУ и уште неколку амбасади. Денеска, пак реагираше дека и по три месеци одговор од надлежните нема.

Инспекторот во јавноста ги обелодени имињата на министерот за образование Арбер Адеми, на заменик министерот во МВР, Агим Нухиу и на директорот на Агенцијата за државна индустриска сопственост, Сафет Емрули, дека незаконски се стекнале со виши звања на Тетовскиот универзитет. Тој заработи дисциплинска поради кршење на Етичкиот кодекс со објавување на имињата, додека траела постапката за утврдување на одговорноста на функционерите.