Македонија
7. April 2020 - 14:33

Инспекторите секојдневно откриваат непочитување на мерките

За четири дена затворени 48 угостителски објекти  поради непочитување на мерките за Ковид-19. Од инспекцискиот совет велат дека најголем дел од прекршоците се во руралните средини. Запечатени се и 215 кафемати. Во периодот од 2 до 5 април инспекторите направиле речиси  4000  контроли.

Од трудовиот инспекторат велат дека  до нив  пристигнале  жалби од работници на кои работовачите им дале да потпишат отказни решенија, а потоа нови договри со скратено работно време. Од таму апелираат до сите кои ќе се соочат со проблеми да пријават.

АХВ  извршила 208 надзори на маркети, месарници, зелени пазари при што изречени се две глоби поради продажба на производи без декларација и лошата општа  хигиена. Од агенцијата за лекови пак тврдат дека кај аптеките нема  непочитувања на мерките исто и кај здравствените институции.