Инспекторите ја открија причината за излеаната хемикалија во Брегалница, но не и виновникот | Сител Телевизија
Македонија
23. May 2018 - 16:55

Инспекторите ја открија причината за излеаната хемикалија во Брегалница, но не и виновникот

Постојат повеќе виновници, а никој не е крив. Вака наједноставно може да се оцени извештајот на инспекциските служби кои работеа на случајот, со излевањето на хемикалија со црна боја во река Брегалница. Истрагата утврдила дека до хаваријата дошло откако пукнал канал за отпадна вода и наместо во колекторскиот систем, хемикалиите завршија во атмосферскиот одвод, а од таму во реката.

- Постојат виновници, а не можеш да кажеш, токму тој е, затоа што верувајте дека постојат повеќе инсталации кои влегуваат во една канализациска мрежа-изјави СЕНКА АНДРЕЕВА, ЛОКАЛЕН ИНСПЕКТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Во изминатите 20-тина дена, општински и државни инспектори за животна средина ги контролирале сите компании во индустриската зона кои работат со бои.

- Се задолжија за добивање на акредитирани анализи на отпадна вода. Се задолжија за подготовка на елаборати за испуст на отпадна вода и при истите се открија мали технички деформации на каналите-додаде Андреева

Лабораториските анализи покажаа дека се работи за хемиско, а не за биолошко загадување, поради што не дојде до помор на риби во реката.