Македонија
5. December 2019 - 16:39

Инспектори во 3 фирми на Камчев, компаниите тврдат дека акцијата не е поврзана со кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

По налог на скопското обвинителстви МВР влезе во три фирми на скопскиот бизнисмен Орце Камчев. Извори од истрагат брифираат дека се работи за истрага поврзана со финансирањето на последната претседателска кампања на ВМРО-ДПМНЕ, но повеќе детали не се откриваат.

Дека полициксата акција се спорведува на барање на скопското обвинителство потврди и министерот Спасовски.

ОРКА Холинг преклу писмено соопштени  негира поврзаност со предизворната кампања на Гордана Сиљановска. Од компанијата посочуваат дека не станува збор за полициска акција, туку за контрола на двајца инспектори од МВР, на кои им биле доставени потребните документи и кои потврдиле дека нема ништо спорно во работењето на компанијата.

Сакаме уште еднаш да демантираме дека ниту компанијата Монт, ниту ОРКА холдинг на каков било начин учествувале во предизборната кампања на г-ѓа Сиљановска на претходните претседателски избори. Маиците од компанијата Монт која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на компанијата Полијестердеј со која ние имаме долгогодишна соработка, а која во случајов е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на Полијестердеј по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото, се вели во соопштението на ОРКА холдинг.

Бизнисменот Орца Камчев  утре по предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд ќе се појави како сведок за случајот Рекет.