Свет
10. April 2018 - 20:31

Инспектори на ОЗХО ќе допатуваат во Дума

Инспектори од Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) ќе допатуваат во сирискиот град Дума со цел да утврдат дали навистина е извршен хемиски напад изминатиот викенд, потврди денеска официјален претставник на ОЗХО.

Претходно, сириското МНР упати официјална покана до ОЗХО да испрати своја мисија за утврдување на фактите и да ги испита тврдењата за наводна употреба на хемиско оружје. Исто така, и Русија соопшти дека е подготвена оваа недела да организира посета на експерти од ОЗХО на местото каде наводно е извршен напад со отровен гас во Сирија. 

Нападот во градот Дума се случи на 7 април, а според засега непотврдени информации во него загинале најмалку 70 луѓе, меѓу кои и деца.