Македонија
26. November 2020 - 21:19

Инспекторатот нема акредитирана централна лабораторија за контрола на загадувањето - примероците се носат во приватни

Централната лабораторина под државна капа ги нема потребните  акредитации за својата работа. Оваа лабораторија која треба да бори против загадувачите во земјава, е постара и од самото министерство за животна средина. Така функционира повеќе од 20 години. Првиот човек на лабораторијата вели дека постапката за акредитации е во тек.

Во недостиг на акредитирана државна лабораторија, индустриите, своите анализи на емисиите, кои им се законска обврска, се уште ги прават во приватни лаборатории. Директорката на Инспекторатот вели дека контролата на загадувачите мора да биде под државна капа.

Едната акредитација која треба наскоро да ја добие лабораторијата се однесува на опрема,кадар и  процедурите на работа и чини околу 4 000 евра. Втората се однесува на методите на работа, и чини од  20 000 до 50 000 евра, во зависност од тоа за кој параметар се работи.