Бизнис
18. October 2016 - 19:46

Иновации за поголема конкурентност на странските пазари

Иновациите во фокусот на овогодинешниот саем Технома. Од вкупно 160 комапнии кои ќе се претстват во следните пет дена триесетина се старт ап фирми, успешни бизниси кои ќе ги презентираат своите искуства. Ова треба да биде мотив младите да се охрабрат и да почнат сопствен бизнис.

Преку фондот за иновации досега се поддржани 33 компании, а во тек е доделувањето на средствата од втората транша. Државата вложува во иновциите затоа што преку нив се создаваат нови производи кои завршуваат на странските пазари и за зголемуваат конкренноста на економијата.

На годишениот саем за металургија, елетротехника, енергетика и градежништво ќе претставуваат компании од земјава, Италија, Австрија и Германија. 42 Технма е отворен до сабота.