-->
-->
ИНМЕМОРИАМ: Почина легендарниот македонски кошаркар Војислав Зивчевиќ - Тумба
-->
Синоќа ненадејно во 60-тата година (1961) од живото почина еден од најистакнатите македонски кошаркари Војислав Зивчевиќ – Тумба.
Популарниот Тумба својата кариера ја градеше во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, тим со кој како еден од предводниците во сезоната 1986-87, за прв пат го однесе тимот од Аеродром во тогашната Прва југословенска сојузна лига.
Со своите игри и пред се борбеност Зивчевиќ се избори и за место во тогашниот Б тим на репрезентаијата на СФРЈ.
Покрај сино-белиот дрес на МЗТ Скопје, Војислав Зивчевиќ настапуваше и за најтрофејниот македонски клуб Работнички, од каде мина во редовите на Вардар, па кочански Деликатес за кој настапи три сезони, а кариерата ја заврши во редовите на Никол Ферт со кој ја освои единствената шампионската титула за тимот од Гостивар.
Популарниот Тумба во кошаркарските кругови ќе остане запаметен како вреден, упорен и борбен играч, кој им пркосеше на сите противници, па дури и најголемите ѕвезди во тогашна Југославија.
Секогаш ведар, насмеан и расположен за кошаркарски муабети, последните неколку години од својот живот ги мина посветен на својот внук Тео во кого гледаше уште еден наследник во кошаркарската лоза Зивчевиќ, покрај својот син и ќерка Ненад и Ивана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир