Македонија
27. September 2021 - 23:10

Иницијативата „За Наше Куманово“ и Максим Димитриевски, вечерва на изборната конвенција во Куманово

Независниот кандидат за градоначалник од иницијатива „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски, вечерва на изборната Конвенција од Градскиот плоштад во Куманово најави дека периодот 2021-2025 година ќе биде период на ренесанса и градба, за еден модерен и европски лик бидејќи тоа го заслужува Куманово и кумановци.

„Преземам обврска да продолжиме заедно со овој сериозен и квалитетен тим на кандидати за советници. Заедно со луѓето во општинската организација да работиме посветено за сите вас, во реализација на голем број инфраструктурни проекти. Периодот 2021-2025 година ќе биде период на ренесанса и градба за нашата општина за еден модерен и европски лик бидејќи тоа го заслужува Куманово и кумановци“, рече Димитриевски.

Во своето обраќање, тој ги најави следните проекти кои ќе се имплементираат по победата на локалните изборите на 17 октомври.

За намалување на сообраќајниот метеж, предвидено е изградба на 5 нови кружни текови на клучни локации:
- На крстосница меѓу булевар Октомвриска Револуција  и  Булевар 3-та МУБ.
- На крстосница меѓу улиците Бајрам Шабани, Булевар 3-та МУБ и  улица Гоце Делчев (Серава)
- На крстосница меѓу булевар Октомвриска Револуција , улица Доне Божинов (Макпетрол)
- На крстосница помеѓу булевар 3-та МУБ и улица Тоде Мендол (Градски Пазар)
- На крстосница помеѓу булевар Окомвриска Револуција и улица Видое Смилевски Бато (влез во село Проевце).

Еден од приоритетите на инцијативата „За Наше Куманово“ е вложувањето во унапредувањето на образованието и создавање услови за реализација на квалитетна настава. И во следниот мандат ќе продолжиме со инвестиции во реконструкција на општинските училишта и подобрување на условите за образование.

Димитриевски посочи дека силата е во младите и младите лица се авангардата на ова општество.

„Следува изградба на три нови паркови на влез во село Проевце, на улица Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол, изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев. Ќе го реконструираме постоечкиот градски парк, кој ќе го претвориме во смарт парк со многу различни содржини. Ќе направиме пет центар за млади лица кајшто ќе има современи инсталација за да можат младите луѓе да добијат можност, да создаваат и творат, бидејќи тие се нашата иднина, а Куманово има млада популација.“, рече Димитриевски.

Нашиот план е целосно реконструирање на Спортска сала, Комплексот Соколана, Градскиот стадион и Спортскиот комплексот во Поранешен Дом на АРМ

Повозрасните граѓани мора да имаат подостоинствена старост. За таа цел, следува проширување на капацитети на Дом за стари лица “Зафир Сајто“ - Куманово на локација во с. Проевце и континуирано подобрување на условите во постоечките капацитети на Дом за стари лица „Зафир Сајто“.

„На 17ти октомври изберете број 80 за Максим Димитриевски за наше Куманово и број 61 за носителката на листа за советници Ивана Ѓорѓиевска за 61% на гласови и победа во првиот круг. Тоа не е победа за мене, тоа е победа за вас. За мое, за твое, за наше Куманово!“, рече Димитриевски.