Македонија
18. April 2016 - 13:08

Инфраструктурно уредување на модуларниот паркинг во Кавадарци

Модуларниот паркинг во Кавадарци се уредува инфраструктурно, информира денеска градоначалникот Александар Панов, кој истакна дека со ова се реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните.

-  Веднаш по оплеменувањето на паркот на Револуцијата, ќе се обезбеди уреден простор од кејот на реката Луда Мара, преку тој парк, до централното градско подрачје. Среќен сум што тоа што го дадовме како ветување, го реализираме, изјави Панов.

Тој изрази задоволство што оваа, како што рече, мала, но крупна работа за граѓаните е завршена.

Инвестицијата чини над десет илјади евра.