Македонија
4. July 2017 - 14:52

Инфраструктурни зафати во Општина Василево

Реконструкција на локална улица во населеното место Пиперево и изградба на нова улица во населеното место Нова Маала се дел од тековните градежни активности во општина Василево.

Како што соопштуваат локалните власти, во Пиперево се реконструира улицата која од центарот на селото води кон  црквата со должина од околу 250 метри и ширина од шест метри. Улицата е со атмосферска и фекална канализација која веќе е поставена.

- Она што следува во наредниот период е поставување ивичници на подземна електрична инсталација за потребите на уличното осветлување, бекатонски патеки од двете страни на улицата и асфалтирање, изјави градоначалникот Ванчо Стојанов.

Паралелно се одвиваат и градежните активности на улицата во населеното место Нова Маала. Оваа улица почнува од спојот со постојната асфалтирана улица и е во должина од 398 метри, ширина четири метри, бекатонски патеки од по половина метар и канал за прифаќање на атмосферските води по целата должина на улицата. Во моментот се изведуваат градежните  активности на каналот.

Според Стојанов,  комплетнитте активности на двете улици треба да завфршат до крајот на оваа градежна сезона. Вкупната инвестиција е околу 12.000.000 денари од кои 10.000.000 се кредит, односно подзаем обезбеден преку Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услуги и околу 2.000.000 денари од општинскиот Буџет.

Рок на отплата на кредитот е 5,5 години со грејс период од една година.

Активностите на терен ги изведува градежната компанија  „Универзал градба“.