Македонија
3. January 2016 - 20:06

Инфраструктурни и здравственми проекти во Тетово реализирани со буџетски средства

Во текот на 2015 година во Тетово со средства од државниот буџет се работеше во повеќе области од општествениот живот со цел подобрување на животот на граѓаните.  Кај инфраструктурата, се бележат голем број реконструирани патишта, на чија обнова се чекало со години.

Реформите во здравствениот сектор се причина во тетовската болница да се донесат нови апарати како и да почнат да се изведуваат интервенции за кои досега пациентите се праќале на лекување пред се во Скопје.

Со средства од буџетот во текот на 2015 се работеше и на довршување на изградбата на новиот водоснабдителен систем за Тетово.