Македонија
14. јуни 2016 - 16:36

ИНФОРМЕР: Странски амбасадори преку нво организации планираат дестабилизација на балканот

Амбасадорите на Европската унија и на САД во Белград исплатиле неверојатно 1 милион и 367 илјади евра за финансирање и логистичка подршка на протестите во Белград, открива српскиот весник Информер.

Како што пишува Информер, овие пари легнале на сметкитена на десетици невладини организации, синдикати, медиуми и поединци во периодот после изборите кои во Србија се одржаа на 24 април.

Според доказите кои ги изложува весникот  овие пари завршиле во протестите на движењата  “Не дамо Београд“ и “Подржи РТВ“’. Информер пишува дека амбасадорите планираат во наредните денови да ги радикализираат протестите и тие да дојдат до стадиум на обоена револуција, а во изминатите денови во српските медиуми се објавуваа и имињата и луѓето кои  примаат пари за вакви активности.

Српските аналитичари за Информер велат дека дестабилизацијата на Србија, која ја финансираат амбасадите на САД и ЕУ, е дел од поголем план за дестабилизација на целиот Балкан, затоа што во исто време се одвиваат обоени Револуции во Македонија и во Република Српска.