Информативна средба за консолидација на земјиштето во Чешиново-Облешево
Во селото Спанчево, општина Чешиново-Облешево, денеска ќе се одржи информативна средба со земјоделците и сопствениците на земјиште од Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик на која ќе стане збор за процесот на консолидација.
Средбата се организира во рамки на проектот Маинланд - „Воведување национална програма за консолидација на земјиштето“, финансиран од ЕУ, кој го спроведува ФАО во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Учесниците ќе бидат информирани за измената на Законот за консолидација, но и за следните чекори во процесот, а најавени се обраќања на министерот Љупчо Николовски, на Вирве Вимпари од Делегацијата на ЕУ, како и на главниот технички советник на ФАО Вилма Даугалиене.
Спанчево, Чешиново, Соколарци и Чифлик се четири од дванаесетте локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите